24фудбал

Навивачите на Јунајтед прстот за поразот од Барса го вперија во еден играч (ФОТО)

Манчестер јунајтед со 1-0 загуби на свој терен од Барселона, тимот на Оле Гунар Солскјер речиси и да не создаде шанса.

Лига на Шампиони

И покрај тоа што немаше импресивна претстава Манчестер јунајтед, некои играчи за својата борбеност заслужуваат пофалби, тие во голема мера на неутрализираа Барселона, но го загубија мечот.

Навивачите на Манчестер јунајтед вината ја бараат во очајните перформанси на Ешли Јанг кој речиси и да немаше прецизен центаршут. 

Твитерот е полн со критики на адреса на Јанг, навивачите на Јунајтед својот гнев го искажуваат на социјалните мрежи.