24фудбал

Летале боксови на тренингот на Баерн, Левандовски и Коман се степале!

Според пишувањата на Билд, утрово се случил голем инцидент на тренингот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски и Кинглски коман си размениле неколку боксвои.

Германија

„Баварците“ минатиот викенд ја прегазија Борусија Дортмунд и се вратија на пол-позиција во трката за титулата во Германија, но нешто не штима на Алианц Арена.

Билд пренесе дека утрово се случил голем инцидент на тренингот. При една вежба, Роберт Левандовски му дофрлил нешто на Кингсли Коман, Французинот избувнал и настанала жешка вербална расправија која прераснала во физичка.

Почнале да летаат боксови, двајцата фудбалери си размениле удари во лицето. Корпулентните дефанзивци, Никлас Зиле и Џером Боатенг притрчале веднаш и почнале да ги двојат, но дури и на нив им требало помош од другите играчи.

Весникот додава дека тренерот Нико Ковач во прв момент планирал да ги ипрати двајцата на „ладење“ во соблекувалната, но се предомислил и ги оставил да го довршат тренингот.

Останува да се види како овој настан ќе влијаеа врз Баерн Минхен во продолжението од сезоната. Актуелниот шампион има еден бод повеќе од „милионерите“ на шест кола до крајот.