24фудбал

Арсенал го победи Наполи, Челси се враќа со триумф од Прага (ВИДЕО)

Арсенал со 2-0 ја доби првата битка со Наполи, Челси со минимална победа се враќа од гостувањето кај Славија Прага, дожд од голови во Лисабон.

Лига Европа

Арсенал фуриозно го почна натпреварот со Наполи кој изгледаше немоќно во првото полувреме.

Резултатот беше отворен по 15. минути игра со гол на Арон Ремзи, десет минути подоцна несреќниот Кулибали го смени правецот на топката и таа по втор пат влезе во голот на Наполи.

Во продолжение и двете екипи имаа шанси за голови, но резултатот остана непроменет, Арсенал има одличен резултат.

Челси со гол во Алонсо во самиот финиш, во 86. минута победи на гостувањето кај Славија Прага.

Дури шест гола беа постигнати на мечот во Лисабон меѓу Бенфика и Ајнтрахт Франкфурт, домаќините победија со 4-2.

Ајнтрахт остана со играч помалку уште во 20. минута кога Ндика доби црвен картон. Германците продолжија да напаѓаат и покрај таквата ситуација а тоа резултираше со многу голови.

Жоао Феликс беше главната ѕвезда, тој постигна три гола, еден беше дело на Диас, погодоците за Ајнтрахт ги постигнаа Јовиќ и Пасиенса.

Многу интересно беше и на шпанскиот дуел меѓу Виљареал и Валенсија која ја добија гостите со 3-1.

Во првиот дел беше нерешено 1-1, Гуедеш стрелаше за Валенсија, Казорла погоди од пенал за Виљареал. И кога се чинеше дека така ќе заврши мечот, гостите дадоа два гола во судиското продолжение, Вас и Гуедеш погодија за огромен триумф на Валенсија.