24фудбал

„И јас можам да дадам таков гол“ - Рома покани фан да се докаже на Олимпико, еве како помина (ВИДЕО)

Рома направи брилијантен потег, покани фан кој на фејсбук искоментира на еден гол на тимот дека и тој можел да го даде, да проба дали навистина може.

Италија

„Волчицата“ неодамна направи компилација од сите погодоци на Џeнгиз Ундер оваа сезона за да го одбележи враќањето на Турчинот по повредата и го објави на социјалните мрежи. Еден навивач сакаше да се направи паметен и искоментира дека и тој би можел да го даде таквиот погодок (голот на дуелот со Парма).

Рома која има брилијантен маркетинг и најдобро ги води социјалните мрежи, го зема фанот и го донесе на Олимпико за да проба дали може да даде гол.

Навивачот имаше три обиди да постигне гол, погледнете што се случи.