24фудбал

Лига Европа доби нов рекорд, Португалија нова ѕвезда а Бенфика нова „златна кокошка“ (ВИДЕО)

Жоао Феликс е играчот за кој вечерва зборува фудбалска европа, талентираното 19 годишно момче стана најмладиот стрелец на хет-трик во Лига Европа откако погоди три пати во победата на Бенфика од 4-2 над Ајнтрахт.

Лига Европа

Тинејџерот подолго време се најавува како следното големо фудбалско име, скаути на голем број клубови го следат а се говори дека Јувентус, Манчестер јунајтед и Манчестер Сити сериозно загризале и покрај тоа што Жоао Феликс има откупна клаузула од 120 милиони евра.

Португалецот вечерва блесна против Ајнтрахт и три пати погоди во победата на Бенфика од 4-2 во четвртфиналето. Па тој стана најмладиот стрелец на хет-трик во Лига Европа со 19 години и 153 дена. За малку ќе го собореше и рекордот на Кун Агуеро кој во 2007 три пати стрелаше со 19 години и 124 дена кога ова натпреварување го носеше името УЕФА Куп.

Тој исто така собори и рекорд на легендарниот Еузебио стар 57 години и стана најмладиот Португалец кој стигнал до хет-трик во Европа, а стана и првиот Португалец во редовите на Бенфика кој постигнал хет-трик во Европа по Антонио Пачеко во септември 1992.

Бенфика сигурно доби нова „златна кокошка“ и добро ќе ја наполни клупската каса кога ќе дојде време за продажба на Јоао Феликс. Клубот од „Луж“ не размислува за ова во моментов и се обидува да го обнови договорот на тинејџерот и да ја покачи откупната клаузула на 200 милиони евра.