24фудбал

Алексис Санчез ќе биде подготвен за Барселона

Повредата на Алексис Санчез е минато, тој ќе биде во комбинација за настап против неговиот поранешен клуб, Барселона.

Лига на Шампиони

Санчез нема натпревар од 2. март кога заработи повреда на коленото на мечот против Саутемптон, тој сега повторно е во тренажен процес.

Јунајтед во сабота игра против Вест Хем, Солскјер мисли дека тој меч е прерано за враќање на Санчез, но најави дека веројатно ќе биде подготвен за дуелот со Барселона.

„Тој тренира со нас и тренираше два пати. Ќе тренира и денес, нема веќе повреда“, вели Солскјер за Санчез.

„Не сум сигурен дека ќе биде 100 посто подготвен за дуелот со Вест Хем, но поизвесно е дека ќе биде за Барселона, ќе видиме“.

Санчез три сезони помина во Барселона и многу добро знае како е да се игра на Камп Ноу.