24фудбал

Навивач на Тотнем морал да гугла за Елмас, а друг му возврати: Се сеќаваш кога ангажиравме едно дете наречено Деле? (ФОТО)

Ги бележиме реакциите на навивачите на Тотнем по информациите кои излегоа во јавноста дека Премиерлигашот е сериозен во своите намери да стигне до потписот на Елиф Елмас, бележиме скептични реакции, но имаме и една вин-вин ситуација.

Македонија

Според неофицијалните информации кои ги пренесе турски Супер Хабер, Тотнем е сериозен во намерата да ги засили своите редови со нашиот 19 годишен интернационалец од Фенербахче, Елиф Елмас.

Супер Хабер пренесе дека Спарс се на пол позиција во трката за македонскиот репрезентативец и веќе нудат понуда од околу 20 милиони евра, а листата на клубови заинтересирани за нашиот фудбалер е голема, се споменуваат Манчестер Сити, Лестер, Јувентус, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Лацио, Фиорентина, Зенит.

Елмас сезонава игра стандардно во дресот на турскиот суперлигаш каде на 34 настапи постигна еден погодок во сите конкуренции, а еве ги реакциите на навивачите на Тотнем на социјалните мрежи откако дознаа за интересот на Премиерлигашот за нашиот фудбалер, извесно е дека тие сакаат нешто повеќе од Елмас.

Сепак, бележиме и една доста интересна, и реална реакција на еден навивач кој брутално му возврати на другиот кој истакна дека морал да гугла за да дознае нешто повеќе за македонскиот репрезентативец, тој потсети на Деле Али (22), кој во 2015. година потпиша за Тотнем, а денес Премиерлигашот од Лондон сигурно посакува уште многу такви успешни зделки.

Преферирајте го Милинковиќ-Савиќ, ве молам

Само се надевам дека Покетино има причина зошто го посакува, не поради тоа што Леви (претседателот на Тотнем) мисли дека тој е поефтина варијанта од некој како Милинковиќ-Савиќ. Сите се сеќаваат кога го посакувавме Мусакио, а го добивме Фацио

Тоа не е начин на кој се спелува Ндомбеле“ напиша еден навивач алудирајќи на тоа дека Тотенхем треба да се насочи кон Ндомбеле, кој е исто еден од најбараните млади фудбалери на трансфер пазарот

А. Морав да гуглам за него

Б. Не. Потребен ни е подобар фудбалер од овој кој ќе ја развие екипата“ напиша еден навивач, но тој доби еден мошне интересен одговор како реплика на тој негов коментар:

Се сеќаваш кога потпишавме со едно дете наречено Деле?“ беше неговиот одговор, мислејќи на Деле Али, денес голема ѕвезда на Тотенхем, кој го ангажираше на 18 годишна возраст од Мк Донс, издвојувајќи само 5 милиони фунти за тој трансфер.

34 натпревари оваа година, 1 гол, 0 асистенции. Речиси сигурен сум дека можеме подобро

Доколку посакуваме да ангажираме некој млад фудбалер од средината на теренот со потенцијал, само купете го Ван Де Бек или Грилиш, а не некое момче кое постигнало еден гол на 34 меча во Турција