24фудбал

Смолинг откри како реагирал Меси по крајот на мечот и се вклучи во дебатата кој е најдобар, Лео или Роналдо?

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Крис Смолинг вели дека разговарал со Лео Меси по крајот на натпреварот на Олд Трафорд, и дададе свое мислење за тоа кој е најдобар во историјата, Аргентинецот или Кристијано Роналдо.

Лига на Шампиони

На средината од првиот дел, Крис Смолинг влезе некомпромизно во еден воздушен дуел со Лео Меси и не само што го закачи со рамо во глава, на крајот со раката го удри во лице по што потече крв од носот на Аргентинецот и мораше да интервенира лекарската екипа на Барселона.

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед во интервју за БиБиСи Радио 5 сега откри дека разговарал со напаѓачот на Барселона за овој немил инцидент.

„Разговар по крајот на натпреварот. Во прв момент не бев свесен дека го удрив на таков начин. Но по последниот свиреж разменивме неколку зборови и спортски се ракуввме. Меси ми кажа дека знае дека тоа било случјано“ – вели Смолинг.

Англичанецот водеше битка и со Луис Суарез и заработи жолт картон за еден старт врз Уругваецот.

„И Суарез ми пријде по крајот на натпреварот. Имавме добра борба во текот на целиот меч. И тој ми подаде рака и ми кажа „со среќа“. Убаво е кога имате такви битки на теренот и по финишот на натпреварот се покажува почит, бидејќи на крајот од денот сите се обидуваме да го дадеме максимумот и да уживаме во играта“.

Новинарот исто така го запраша Крис Смолинг за дебатата, односно дали треба да има дебата за тоа кој е најдобар во историјата, Лео Меси или Кристијано Роналдо.

„Мислам дека е тешко да не дебатираме бидејќи очигледно и Роналдо е таму на тоа ниво, но мислам дека Меси е дефинитивно број 1. Што го прави поразличен од другите? Мислам дека може од ништо да направи нешто и тоа е убавината на најдобрите играчи. Знаете дека може да ја земе топката на своја половина и да го издрибла целиот тим. Погледнете го само бројот на голови од слободен удар... тоа е лудост“.

„Мислам дека дефинитивно е еден од најдобрите. Очигледно сега е многу ценет, но мислам дека кога ќе се пензионира на генерации играчи ќе им биде тешко да го повторат тоа што тој го прави“.