24фудбал

Гундоган едно, Гвардиола друго: Не се согласувам со неговата констатација

Поделени реакции во составот на англискиот првак по поразот од Тотенхем во првата пресметка помеѓу обете екипи за влез во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Шефот на стручниот штаб на англискиот првак Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги одби коментарите на фудбалерот од неговиот состав Илкај Гундоган по минималниот пораз од Тотенхем во првата пресметка од четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Гундоган сугестираше на тоа дека Сити бил премногу нервозен во англиската пресметка од елитното европско клупско натпреварување и додаде дека секогаш носеле погрешни одлуки на мечот, заклучувајќи дека реакцијата на неговите соиграчи по промашениот пенал на Агуеро не отсликувала реакција на голем тим.

Не се согласувам со него, апсолутно не“ одговори Гвардиола на денешната пресконференција во пресрет на гостувањето кај Кристал Палас во недела како дел од редовното коло во Премиерлигата.

Второто полувреме беше под наша контрола, нашиот меч против Тотенхем беше многу подобар во однос на оној против Шалке, Серхио реагираше неверојатно добро по пеналот, тимот беше ментално силен“ заклучи Пеп.