24фудбал

Капело: Противниците на Реал Мадрид претходно се плашеа од тој клуб поради Роналдо, сега не...

Италијанскиот фудбалски стратег за време на светскиот фудбалски конгрес ја коментираше за момент актуелната сезона на Реал Мадрид, која за многумина е катастрофална, причина за тоа е заминувањето на Кристијано Роналдо, вели тој.

Шпанија

Реал Мадрид оваа сезона имаше проблеми за да го извлече максимумот од своите офанзивци во поглед на постигнувањето погодоци, а поранешниот тренер на шпанскиот гигант, Фабио Капело вели дека причината за таквата ситуација во која се најдоа Кралевите е заминувањето на Кристијано Роналдо.

Италијанскиот фудбалски стратег тврди дека противниците на Реал Мадрид претходно изгледале заплашени во дуелите против Кристијано Роналдо, но, сега во ситуација кога тој не е во тој клуб, противниците на истиот имаат поинаква слика на теренот.

Секогаш сум велел дека за да ги победите Реал Мадрид и Барселона потребна ви е почетна предност од 1-0, можете да ги победите само ако постигнете најмалку два гола“ рече Капело за време на светскиот фудбалски конгрес.

Оваа година Реал Мадрид го нема тоа почетно водство, тие стартуваат со 0-0 како и сите останати екипи, затоа им е исклучително тешко, сега гледаме што се случува во Јувентус со Кристијано Роналдо, противничките дефанзивци беа премногу заплашени од него, сега не се“ заклучи Италијанецот кој додаде дека враќањето на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид го изненадило, потенцирајќи дека сега тој има многу поголема моќ како никогаш претходно.