24фудбал

Фиго за причините поради кои ја напушти Барса: Него не му верував ни најмалку...

Контроверзниот трансфер на Португалецот пред речиси 20 години се уште ја разбранува јавноста, се бараат детални одговори за мотивите и причините кои се криеле кај тогаш големата ѕвезда на стори нешто со кое ќе стане најомразената личност кај навивачите на Барса.

Шпанија

Луис Фиго откри многу околу неговото заминување од Барселона во 2000. година и преминот во најлутиот ривал на таа екипа, Реал Мадрид, трансфер кој секако остана запаметен, а тој за  фановите на каталонскиот гигант  стана најомразената особа.

За 62 милиони евра, онолку колку што Реал Мадрид издвои за неговиот трансфер таа година, Фиго ги напушти Каталонците во една многу контроверзен стил, а по цели 20 години, за тој трансфер се уште се зборува и е една од најголемите дебати помеѓу обата тима.

Имав пет прекрасни години во Барселона, на личен и спортски аспект“ рече Фиго и го издвои Жоан Гаспарт, поранешниот претседател на каталонскиот гигант (2000/03), кому не му верувал воопшто.

Но, во текот на тој период, во летото 2000. година, кандидатот кој ги освои изборите беше Гаспарт, а јас не му верував нему дури ни најмалку“ додаде тој за Универсо Валдано откривајќи и како неговиот агент успеал да постигне договор со тогаш еден од кандидатите за претседател на Кралскиот клуб, Флорентино Перез, кој и во моментов ја обавува таа функција.

Работите станаа многу сериозни и ние стигнавме до точка кога мојот агент постигна договор со еден од кандидатите (Флорентино Перез) на Реал Мадрид“ заклучи Португалецот.

Во тогашните избори за позицијата претседател на Реал Мадрид, мошне клучна улога одигра ветувањето на Перез пред навивачите дека ќе го доведе Фиго во редовите на тој клуб.