24фудбал

Ачерби: Тоа што го направија играчите на Милан со мојот дрес е знак на слабост

Дефанзивецот на Лацио, Франческо Ачерби излезе со изјава по мечот за гестот на играчите на Милан кои се исмеваа со неговиот дрес.

Италија

Неколку дена пред натпреварот Ачерби со една изјава го навлече гневот на играчите на Милан и дополнително ја загреа атмосферата. Тој твитна дека Лацио има подобри индивидуалци од Милан. Бакајоко тогаш му возврати велејќи му дека ќе го видат тоа на теренот.

Милан победи со 1-0, Ачерби наивно не размислувајќи што може да се случи го размени дресот со фудбалер на домаќините, а тие потоа го исмеваа покажувајќи го како трофеј.

Ачерби смета дека гестот на играчите на Милан е знак на слабост.

„Разочаран сум бидејќи го заменив дресот за да ставам крај на овој проблем. Разгорување на омраза не е спорт, туку знак на слабост“, изјави Ачерби на својот твитер профил.