24фудбал

Гатузо за тепачката: Кога бев фудбалер и јас се палев на такви работи, сега и да влезам во тепачка...

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо имаше интересна изјава за тепачката која се случи по мечот со Лацио.

Италија

Милан со гол на Кеси од пенал го победи Лацио во многу важен натпревар за пласман на местата кои водат во Лигата на шампионите. Гостинските фудбалери тешко го прифатија поразот па се случи и тепачка по последниот свиреж на судијата.

Џенаро Гатузо како играч беше познат по неговата лесна избувливост и често влегување во вербални и физички дуели со противниците. Па интересен беше неговиот коментар за тепачката по мечот.

„Дури и го истегнав малку бутниот мускул трчајќи да ги смирам! Бев на клупата и видов дека летнаа некои зборови меѓу двете групи на фудбалери. На крајот се добро се заврши“, вели Гатузо.

„Кога бев играч вакви работи ме палеа, но сега гледам со поинакви очи, престар сум за тоа. Плус ако удрев некој, сигурно ќе добиев и јас удар, а сите тие сега повеќе одат во теретана отколку јас...“