24фудбал

Бакајоко и Кеси се огласија по неспортскиот потег и испратија порака до Ачерби

Тимуе Бакајоко и Фрaнк Кеси се огласија по неспортскиот потег кога го исмејуваа Франческо Ачерби и го покажуваа неговиот дрес кон навивачите по синоќешната победа над Лацио.

Италија

Милан синоќа со 1-0 триумфираше над Лацио во важен меч во битката за топ четири пласман. Натпреварот сепак помина во сенка по тепачката која ја направија гостинските играчи по последниот свиреж, како и неспортскиот потег на Бакајоко и Кеси.

Франческо Ачерби и Тимуе Бакајоко во пресрет на дербито се „пецкаа“ на социјалните мрежи, а дефанзивецот на Лацио соноќа го размени дресот со Французинот за да стави крај на тензијата, но фудбалерот на Милан заедно со Франк Кеси го измеваа противникот и го покажуваа дресот пред своите фанови како трофеј.  

Џенаро Гатузо веднаш се извини за однесувањето на неговите избраници, а истото потоа го сторија и фудбалерите.

„Едноставно сакав да се пошегувам, немав намера да покажам непочитување кон некого. Доколку Ачерби се навреди од мојот потег, сакам да му се извинам“ – напиша Бакајоко на Твитер.

Извинување преку социјалните мрежи испрати и Кеси, кој на Инстаграм напиша: „Горд сум што го носам овој дрес... за овие фанови... за овој клуб. Искрено извинување до Ачерби, едноставно сакавме де се пошегуваме, ништо повеќе. Имам огромна почит кон сите“.