24фудбал

Девета победа во низа за Сити, Стерлинг и Жесус ги вратија „граѓаните“ на прво место (ВИДЕО)

Манчестер Сити како лидер на табелата ќе го проследи дербито помеѓу Ливерпул и Челси, поплднево „граѓаните“ со 1-3 триумфираа на гостувањето кај Кристал Палас.

Англија

На првиот меч помеѓу овие два тима на „Етихад“, Кристал Палас приреди големо изненадување и славеше со 2-3. Сепак, избраниците на Хоџсон не можеа до ново чудо.

Стерлинг во 15. минута го донесе Манчестер Сити во предност по еден брз против напад, а истиот играч во 65. минута ја дуплираше предноста на гостите.

Миливојевиќ од слободен удар намали на 1-2 во 81. минута и најави интересна завршница, но Жесус во 90. минута ги реши сите дилеми и ја осигура деветата победа во низа за „граѓаните“ во Премиерлигата.

Со овие три бода, Манчестер Сити се врати на првото место и како лидер ќе го проследи дербито помеѓу Ливерпул и Челси.