24фудбал

Ливерпул го реши Челси за две минути, Салах со гол за најавните шпици (ВИДЕО)

„Црвените“ издвојуваа важна победа во трката за титулата, вечерва на Енфилд со 2-0 го добија дербито со Челси и се вратија на врвот на табелата.

Англија

Ливерпул поново има +2 во однос на Манчестер Сити, избраниците на Клоп не подлегнуваат на притисокот и вечерва го добија дербито со 2-0 против Челси.

Гостите солидно се спротивставија во првиот дел, но потклекнаа веќе на стартот од вториот дел. Хендерсон нафрли на подалечната статива каде осамениот Мане погоди за 1-0 и огромна радост.

Само 150 секунди подоцна, Салах испрати „ракета“ од далечина и го матираше Кепа за 2-0 и ги осигура трите бода.