24фудбал

Интер си го закомпликува животот на „Бенито Стирпе“, но се враќа дома со три бода (ВИДЕО)

„Нероаѕурите“ креираа +5 на третата позиција на табелата откако со 1-3 триумфираа на гостувањето кај Фросиноне, домаќините добро го намачија фаворитот.

Италија

Во претпоследниот натпревар од 32. коло во Серија А, Интер триумфираше на гостувањето на „Бенито Стирпе“. Со голот на Наинголан во 19. минута и пеналот на Перишиќ во 37. минута, Интер на пауза замина со убава предност.

Сепак, избраниците на Спалети малку се опуштија во продолжението од мечот, па Фросиноне намали на 1-2 по еден час игра.

Домаќините потоа почнаа да притискаат по нов гол, го ставија  Интер под притисок, но гостите ги осигураа трите бода со една контра во 93. минута која Весино ја реализираше за конечни 1-3.