24фудбал

Елмас: Среќен сум што играв на ова дерби, среќен сум за голот...

Елиф Елмас е новиот херој на Фенербахче, македонскиот фудбалер со само 19 години го спаси својот тим од пораз во големото дерби против Галатасарај.

Македонија

Елмас е вистински хит, секојдневно се пишува за македонскиот талент, а дијаментот вечерва блесна на големото дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај.

„Среќен сум, пресреќен што играв на ова дерби, што бев дел од овој спектакл. Среќен сум за голот кој го дадов, сакам да продолжиме да играме вака“, беше кратката изјава на Елмас по натпреварот.

Нашиот фудбалер е мета на повеќе големи клубови од Европа, а со денешниот настап само си ја зголеми и онака големата цена.