24фудбал

Капитенот на дело, Несторовски не се плаши од „вештерки“ за нова победа на Палермо (ВИДЕО)

Палермо издвојува огромна победа на гостувањето кај Беневенто и со 1-2 триумфираше над ривал кој се бори за највисок пласман и промоција во Серија А.

Македонија

Во натпревар вреден шест бода, Палермо со триумф се враќа од „Чиро Вигорито“. Илија Несторовски го забележа 12. погодок во Серија Б оваа сезона и го предводеше својот тим до победа од 1-2 на гостувањето кај „вештерките“.

Кон финишот на првиот дел, Несторовски доби употреблива топка од Јајало и реализираше за 0-1. Пушкаш во 81. минута зголеми на 0-2, а Беневенто во 90. минута преку Асенсио само стигна до почесен гол.

Со оваа победа, „сицилијанците“ сега имаат 56 бода и се на третата позиција на табелата но имаат и меч помалку во односна Лече, кој има еден бод повеќе. 57 бода има и лидерот Бреша, но и натпревар помалку во однос на Палермо, и два во однос на Лече.

Беневенто по поразот остана на четвртата позиција со 50 бода.