24фудбал

Возбудливи месец дена, еве со кого играат Ливерпул и Манчестер Сити до крајот на сезоната

Сезоната во Премиерлигата е во самиот финиш, Ливерпул и Манчестер Сити водат голема битна за титулата.

Англија

Ливерпул премногу долго чека за титула во Премиерлигата, трофејниот англиски клуб оваа сезона е блиску до тоа, но се прашува и Манчестер Сити кој го брани тронот.

Ливерпул синоќа го доби големото дерби со Челси и сега има два бода повеќе од Манчестер Сити, но тимот на Пеп Гвардиола има еден натпревар помалку. За Црвените да останат на првото место потребен е и кикс на Граѓаните, тие ги имаат работите во свои раце, но имаат и некои тешки мечеви до крајот.

Еве уште кои натпревари им останаа на кандидатите за трофејот во Премиерлигата:


Ливерпул:

Кардиф - Ливерпул

Ливерпул - Хадерсфилд

Њукасл - Ливерпул

Ливерпул - Волвс


Манчестер Сити:

Манчестер Сити - Тотнем

Манчестер јунајтед - Манчестер Сити

Барнли - Манчестер Сити

Манчестер Сити - Лестер

Брајтон - Манчестер Сити