24фудбал

„Реал тропа на неговата врата и разговара со семејството“ - „кралевите“ се поврзуваат со изненадувачки трансфер на Деклан Рајс

Талентот на Вест Хем, Деклан Рајс е на мета на неколку клубови од Премиерлигата, но за неговите услуги интерес пројавува и Реал Мадрид, ова го откри поранешниот фудбалер Скот Минто.

Шпанија

20 годишниот Деклан Рајс има одлична сезона и неодамна дебитираше за Англија откако „Трите Лава“ обезбедиај дозвола од ФИФА за тој да ја промени репрезентацијата откако претходно ги носеше дресот на Ирска.

Фудбалерот од средниот ред е на радарот на најголемите клубови од Англија, се говори дека Манчестер јунајтед е најзагреан и Деклан Рајс е на врвот на листата со желби на Оле Гунар Солскјер.

Но според поранешниот играч на Вест Хем, Скот Минто за услугите на Деклан Рајс интерес пројавува и Реал Мадрид, „кралевите“ веќе оствариле контакт и разговарале со семејството на фудбалерот.

„Слушам дека дури и Реал Мадрид тропа на неговата врата и разговара со семејството. Нема да ви кажам кој ми го откри ова, но се работи за веродостоен извор“ - вели Минто.

Реал Мадрид летоска ќе прави реконструкција на тимот и клубот од „Сантијаго Бернабеу“ се поврзува со голем број на фудбалери.