24фудбал

Гвардиола самоуверено: Ќе се пласираме во полуфиналето од Лигата на шампионите

Пеп Гвардиола е сигурен дека Манчестер Сити ќе ја анулира негативата од првиот натпревар против Тотнем и ќе се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Манчестер Сити со 1-0 го загуби првиот меч од Тотнем, па во реваншот ќе мора да дадат два гола доколку не решаваат пеналите, за да се пласираат понатаму.

Пеп Гвардиола со многу самодоверба вели дека Манчестер Сити ќе го помине Тотнем и ќе се пласира во полуфиналето.

„Ако ме прашувате што ќе се случи, ние ќе бидеме во полуфиналето, тоа го чувствувам сега“, вели Пеп Гвардиола.

„Тоа го чувствував по натпреварот и откако го анализирав натпреварот. Можеби сум грешка, но тоа го чувствувам сега, ние ќе бидеме во полуфинале“.