24фудбал

Кеси и Бакајоко ќе бидат казнети за дресот на Ачерби

Милан го победи Лацио во важен меч за пласман на позициите кои водат во Лигата на шампионите, а по натпреварот на теренот се случија многу работи.

Италија

Покрај тепачката, Кеси и Бакајоко го земаа дресот на играчот на Лацио, Франческо Ачерби и го покажуваа кон трибините исмевајќи го противничкиот фудбалер.

На ова му претходеше дуел на социјалните мрежи во кој Ачерби пред мечот твитна дека Лацио има подобри индивидуалци од Милан, на што Бакајоко му возврати дека ќе видат на теренот.

По мечот Ачерби наивно го смени дресот со некои од играчите на Милан, а Кеси и Бакајоко го злоупотребија откако на непристоен и досега невиден начин го исмеваа дефанзивецот на Лацио.

Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина потврди дека фудбалерите на Милан, Кеси и Бакајоко ќе бидат казнети за гестот, но нема да може да бидат и суспендирани. Најверојатно ќе добијат само парични казни и опомени за непристојно однесување.