24фудбал

„На Меси да му ставиме клаузула и од едно евро тој нема да замине!“

Првиот човек на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу вели дека сака Лео Меси да потпише до крајот на животот и додава дека Аргентинецот нема да замине од Камп Ноу дури и клаузулата да му биде едно евро.

Шпанија

Лео Меси во 2017 ја продолжи верноста кон Барселона до 2021 и стана најплатениот фудбалер во историјата со годишни примања од околу 50 милиони евра.

Ова нема да биде последниот договор на Аргентинецот, од таборот на „каталонците“ изминатиов период често најавуваа дека сакаат да го задржат играчот до крајот на животот.

Ваквиот став уште еднаш сега го потврди првиот човек на клубот, Жозеп Мариа Бартомеу.

„Сакам да потпише до крајот на животот, тука престојува многу подолго отколку во Аргентина и не можам да ја замислам Барселона без Меси. Посакувам целата кариера да ја помине тука, како Пеле во Сантош. Пред да ми истече мандатот, сакам да ја проодлжам соработката со Меси“ – вели претседателот на Барса.

„Самиот Меси, а и сите во клубот се свесни дека тој целиот живот треба да биде поврзан со Барселона, како на професионално, така и на персонално ниво. Дури и да му ја поставиме откупната клаузула на едно евро тој нема да замине! Меси е Барса“.