24фудбал

Реал има план А и план Б за настап на трансфер пазарот, првиот е евтин, вториот е луксузен

Според пишувањата на „Ел конфиденсиал“, Реал Мадрид има два плана за настап на трансфер пазарот, Еден Азар, Лука Јовиќ и Адриен Рабио се имињата на првиот список, а Пол Погба и Садио Мане на вториот.

Шпанија

„Кралевите“ се подготвуваат за реконструкција на тимот по крајот на сезоната и се очекува Флорентино Перез да го одврзи ќесето. Неодамна Л’Екип најави дека фудбалска европа ќе се тресе со оглед на тоа дека Реал ќе има 500 милиони евра за трошење и тоа за играчи како Килијан Мбапе, Еден Азар и Пол Погба.

Сепак, „Ел конфиденсиал“ вели дека ваквата сума е само сон и открива дека лидерите на Реал имаат разрабоено два плана за настап на трансфер пазарот.

Првиот се води како евтин, додека пак вториот е луксузен и покрај тоа што во него нема имиња како Нејмар и Мбапе, кои редовно се поврзуваат со рекорден трансфер на „Бернабеу“.

Весникот објаснува дека првиот план, оној ефтион, опфаќа ангажман на тројца фудбалер: Еден Азар, Лука Јовиќ и Адриен Рабио. За негова реализација ќе бидат потребни помалку од 200 милиони евра.

Вториот план пак подразбира трошење и до 300 милиони евра и ангажман на Пол Погба од Манчестер јунајтед и Садио Мане од Ливерпул.

„Ел конфиденсиал“ додава дека клубовите и агентите чекаат Реал Мадрид да почне да влече потези бидејќи на сите им е јасно дека мора да се случи реконструкција на тмот. Но Флорентино Перез и неговите соработници се прилично внимателни и не сакаат да избрзуваат или да направат грешки бидејќи ќе бидат одвоени големи средства, не само за обештетување туку и за плати.