24фудбал

Карагер без двоумење го пречкрта Салах и објасни зошто Мане е поважен за Ливерпул

Легендата на „црвените“, Џејми Карагер открива дека е голем фан на играта на Садио Мане, и вели дека Сенегалецот е поважен играч од Мо Салах во трката за титулата.

Англија

Мо Салах минатата недела испиша историја и стана играчот на Ливерпул кој најбрзо стигнал до бројката од 50 погодока во Премиерлигата. Египјанецот постигна прекрасен гол од далечина изминатиов викенд во победата од 2-0 над Челси, но според Џејми Карагер, Садио Мане е катализатор на успехот кој го бележи тимот на Јирген Клоп.

Запрашан да избере еден доколку треба да остане без Мане или Салах во завршницата од сезоната, легендата на „црвените“ без многу двоумење одговори: „Салах. Двајцата имаат постигнато исто број на погодоци“.

„Јас сум голем фан на Мане. Луѓето кога зборуваат за зсилувањата кои го донесе Клоп, секогаш во преден план им се Салах и Ван Дајк“.

„Но за мене, Мане е катализатор на успехот. Тој беше првото големо засилување на Клоп, беа платени 30 милиони фунти“.

„Мане беше тој го однесе Ливерпул во топ четири. Следната сезона беше во финалето од Лигата на шампионите, а оваа сезона го прави тимот главен конкурент за титулата“.

Карагер потоа посочи каква е улогата на Мане, кој постигна клучни голови во триумфите над Кристал Палас, Челси, Фулам и Банрли а помогна да се освојат бодови и против Вест Хем и Лестер.

„Не е само бројот на постигнати голови, да бидете на врвот на листата со стрелци, да ја тресете мрежата кога е 4-0 или да дадете два на крајот од мечот кога веќе е решен победникот. Головите кои ги постигна Мане беа многу важни, избројте само колку пати Ливерпул поведувал со гол на Мане“.

„Понекогаш ваквите работи ретко кои ги приметува. Сите зборуваат за Салах, за Ван Дајк, за голманот (Алисон). Мане е најдоброто крило кое Ливерпул го имало во последните 30 години и затоа Ливерпул за прв пат по речиси 30 години се бори за титула. Да го имавме Мане во 2009, сигурно ќе бевме шампиони“.