24фудбал

Зидан: Следната сезона ќе бидеме многу подобри

Францускиот стратег е убеден дека од следната сезона Реал Мадрид ќе се врати на старите победнички патеки, тој има тешка задача да донесе одлука за тоа како би изгледал тимот идната сезона, а од своите фудбалери бара подобра игра.

Шпанија

Шефот на стручниот штаб на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е убеден во тоа дека неговиот состав од следната сезона ќе се врати на старите патеки, откако оваа сезона мина на едно катастрофално ниво за Кралскиот клуб.

Францускиот стратег говореше по ремито на гости синоќа кај Леганес со 1-1, заклучи дека посакува да види нешто повеќе од неговите фудбалери во однос на носењето одлуки за тоа како ќе изгледа тимот за идната сезона.

Првото полувреме беше очајно, се подобривме во второто, меѓутоа, генерално сите треба да играат подобро, јас како тренер треба да бидам подобар, а тоа важи и за фудбалерите“ рече Зидан.

Ние знаеме дека не можеме ништо да освоиме оваа сезона, а тоа носи сопствени предизвици“ додаде тој и се осврна за плановите за идната сезона.

Тимот мора да биде повторно компетитивен за идната сезона, ние ќе бидеме многу подобри наредната сезона“ потенцираше Зидан.