24фудбал

Претседателот на Барса: Доколку Гризман сака да дојде...

Бартомеу за момент ги коментираше шпекулациите кои ги поврзуваат Барселона и Гризман, а притоа говореше и за статусот на Ракитиќ и Умтити, едниот е во исчекување на нов договор, за другиот се шпекулира дека е на излезна врата од тимот, меѓу другото, тој на кратко даде коментар за тоа колку е можно враќање на Нејмар на Камп Ноу.

Шпанија

Претседателот на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу вели дека договор за Антоан Гризман во моментов не е во плановите на каталонскиот гигант, меѓутоа тој не ја отфрла таа можност во иднина.

Францускиот офанзивец потпиша долгогодишен договор со Атлетико Мадрид ланското лето откако го одби интересот на Барселона, а во дербито на Примера се соочи со големи свирежи на Камп Ноу.

Секогаш постојат шпекулации за одличните фудбалери, но Гризман игра за Атлетико Мадрид и  има договор со тој клуб“ вели Бартомеу во изјавата за ТВЕ.

Одличните фудбалери во Шпанија се фантастични за лигата, носат спонзори и можности, но, доколку Гризман сака да дојде, тогаш тој мора да разговара со клубовите“ додаде тој.

Меѓутоа, морам да потенцирам дека неговото име не е на масата во моментов, тој не ја повикал Барселона и за ова прашање постојат многу шпекулации“ заклучи Бартомеу и се осврна на плановите на клубот со Ракитиќ, Умтити, како и евентуалното враќање на Нејмар.

Среќни сме со Ракитиќ, ние му ветивме дека ќе разговараме околу продолжување на договорот, тоа се уште не се случило поради распоредот, но, ќе разговараме. Што се однесува до Умтити, тој е одличен фудбалер, освојувач на Светското првенство, има уште четири години договор со нас и се надеваме дека ќе продолжи со рехабилитација според планот и ќе се врати во најдобро светло за клубот“ потенцираше Бартомеу.

Враќање на Нејмар во Барса? Тоа не е возможно, тоа е така бидејќи ние сега имаме нови планови со Дембеле и Кутињо“ посочи претседателот на Каталонците.