24фудбал

Алегри: За среќа, Јувентус го има Кристијано Роналдо

Јувентус и Ајакс вечерва во реванш пресметката од четвртфиналето од Лигата на шампионите во Торино тргнуваат со резултат 1-1, по првиот меч во Амстердам, Старата дама со гол на гости има предност, но, холандскиот тим докажа дека не е за потценување.

Лига на Шампиони

Тренерот на италијанскиот првак Јувентус, Масимилијано Алегри ја крена самодовербата во својот тим откако посочи дека клубот треба да е среќен што во својот состав го има Кристијано Роналдо.

Португалската ѕвезда веќе постигна четири погодоци во нокаут фазата во Лигата на шампионите, а со хет-трик го предводеше италијанскиот тим до пласман во четвртфиналето откако речиси сам го елиминираше Атлетико Мадрид во претходната рунда.

Кристијано има извонреден квалитет, а тоа доаѓа на самиот натпревар, тој прави голема разлика“ рече Алегри кој се соочува со дефанзивни проблеми во својот состав во пресрет на вечерашната реванш пресметка со Ајакс во четвртфиналето од елитното европско клупско натпреварување, откако на гости ремизираше со 1-1, за вечерва тој нема да го има Џорџо Кјелини, а во нападот ќе отсуствува Марио Манџукиќ.

Можам тоа да го кажам за Кристијано, тоа се гледа на неговото лице, тој е во подобра физичка форма отколку минатата седмица, можам слободно да кажам дека би било чудно доколку Јувентус доживеа елиминација со само еден гол постигнат од Кристијано, тој потоа погоди три против Атлетико и еден против Ајакс, за среќа, ние го имаме Кристијано“ посочи Алегри кој ги потврди отсуствата на Манџукиќ и Кјелини.

Во нашите планови статусот на Манџукиќ не менува ништо, веќе имавме во предвид дека тој ќе отсуствува, сега имам задача да донесам одлука за тоа кој ќе почне од првата минута“ рече италијанскиот стратег, а дилемата е Моисе Кин или Пауло Дибала.

Можеме да почнеме со Кин, Дибала, или ниту еден од нив двајца, Доколку Кин или Дибала стартуваат, нормално дека Де Шиљо или Кансело да бидат вон почетниот состав, доколку ниту еден од нив двајца не стартува од првата минута, можно е да ги имаме и двајцата“ посочи Алегри.