24фудбал

Твитер профилот на Рома со нова врв објава, им забрани на играчите да се сликаат со Дрејк!

Првиот човек на „волчицата“ за дигатлните платформи, Пол Роџерс најде начин како одново да биде во центарот на вниманието, Твитер профилот на Рома им забрани на играчите да се сликаат со Дрејк.

Италија

Клубовите најчесто ги користат социјалните мрежи за да ги известат фановите и фудбалските љубители за дневните случувања на нивните миленици, но истото не важи и за Рома.

Првиот човек на „волчицата“ за дигитаните платформи, Пол Роџерс не сака да биде како останатите, досадни и едно димензионални, па Твитер профилот на англиски јазик е еден од најзабвните и секогаш знае да привлече внимание.

Постовите кои се објавуваат често стануваат вирални и имаат најголема интерекција во светот на фудбалот. Таква е и последната објава со која се соопштува дека на фудбалерите им се забранува да се сликаат со канадскиот рапер Дрејк.

Многумина веруваат дека Дрејк носи баксуз, а последен кој го почувствува тоа беше ПСЖ. Имено, левиот бек Курзава се сликаше со познатиот музичар а потоа „светците“ беа понижени на гостувањето кај Лил, загубија со 5-1 и го доживеаја најтешкиот пораз во последните 19 години.

Претходно, Агуеро се сликаше со Дрејк па промаши пенал против Тотнем а Манчестер Сити загуби во Лигата на шампионите.

Кога Борусија Дортмунд прими пет гола од Баерн Минхен пред две недели и го загуби првото место на табелата, Џејдон Санчо се сликаше со Дрејк.

Пјер Емерик Обамејанг и Арсенал го осетија малерот на своја кожа кога загбија од Евертон минатата недела, а вакви примери има уште многу.

Па со оглед на тоа дека Рома нема право на кикс во завршницата од сезоната доколку сака настап во Лигата на шампионите, Пол Роџерс уште еднаш покажа дека одлично ги владее социјалните мрежи и од Твитер профилот на Рома напиша: „Сите играчи имаат забрана да се сликаат со Дрејк до крајот на сезоната“.

За потсетување, еве што направи Рома кога еден фан им пиша на Фејсбук: „И јас можам да го погодам ова“.