24фудбал

Крајно некоректен гест на Леива

Прес службеникот на Милан кој инаку е во инвалидска количка, добил крајно некоректни зборови од страна на фудбалерот на Лацио, а наводно овој инцидент од дербито во Серија А влегол во бележникот на официјалните лица.

Италија

Милан го доби дербито со Лацио минимално пред своја публика изминатиов викенд, во еден исклучително важен дуел за обете екипи во битката за место во топ четири во Серија А.

Сепак, многу контроверзни ситуации го одбележаа тоа дерби во Милано, пред сеинцидентни, а во една од тие ситуации се најде и Лукас Леива, фудбалерот на Лацио за кој се вели дека имал крајно некоректен гест кон вработен во тимот од Милано.

Според пишувањата на Ил Месаџеро, од мечот нотирано е дека Леива во текот на мечот му се обратил на Уго Алеви, кој инаку е во инвалидска количка, со зборовите Седи таму и молчи, а ова било забележано од официјалните лица во Серија А.

Сега, освен Патрик, Фелипе, Бертолачи, Бакајоко и Кеси, и Леива се најде во ситуација да добие суспензија откако дисциплинската комисија ќе ги разгледа сите случаи од дербито.

Што се однесува пак до табелата, Милан е на посакуваното четврто место со 55 бода, еден повеќе во однос на Рома, два повеќе во однос на Аталанта. Торино заостанува пет бода, а Лацио шест во однос на четвртото место кое води во Лигата на шампионите за идната сезона.