24фудбал

Валверде има една дилема за реваншот со Манчестер јунајтед

Шефот на стручниот штаб на Каталонците би можел и да игра нешто подефанзивно на реванш пресметката со Црвените ѓаволи, а тоа би значело дека би ја променил формацијата, сепак, најголемата дилема кај него е во последната офанзивна линија.

Лига на Шампиони

Осман Дембеле и Филипе Кутињо ќе бидат во комбинација за настап во составот на Ернесто Валверде, за вечерашната реванш пресметка на Камп Ноу против Манчестер јунајтед во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Каталонците тргнуваат со водство од 1-0 кое го реализираа на првата пресметка на Островот, а Валверде има една голема дилема во нападот на својот тим, тој ќе треба да одбере помеѓу Дембеле и Кутињо, за тоа кој ќе игра во друштво на Меси и Суарез во нападот.

Дембеле целосно се рехабилитираше од повредата и стартуваше за Каталонците во ремито против Хуеска во саботата, а Кутињо имаше позитивни перформанси на првата пресметка на Олд Трафорд.

Пред да се здобие со повреда, Дембеле беше преферирана опција кај Валверде, но, Кутињо на одличен начин го замени 21 годишниот фудбалер.

Доколку Валверде се одлучи за нешто подефанзивна варијанта за вечерашната реванш пресметка против Црвените ѓаволи, Артуро Видал е опција во средниот ред, префрлајќи се од системот 4-3-3 на 4-4-2.