24фудбал

Алекс Фергусон смета дека Ливерпул ќе ја освои Премиерлигата, а има посебна причина за тоа очекување

Поранешниот ирски репрезентативец и член на повеќе англиски екипи открива еден детал од разговорот помеѓу неговиот поранешен соиграч и член на Манчестер јунајтед со Фергусон.

Англија

Легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон верува дека Ливерпул ќе биде освојувач на титулата во најсилниот англиски фудбалски шампионат, а има и посебна причина за таквото мислење.

Фергусон очекува Манчестер јунајтед да дојде до бодови во дуелот со Манчестер Сити во дерби пресметката во Премиерлигата која е закажана на 24 април, и тоа на Олд Трафорд.

Сево ова го откри поранешниот ирски репрезентативец и член на повеќе англиски екипи, Џонатан Валтерс, по неговиот разговор со својот поранешен соиграч а воедно и поранешен член на Манчестер јунајтед, Фил Бардсли, кој помина еден период со Фергусон во текот на минатата седмица.

Разговарав со Бардсли и ќе откријам едно име, тој седеше со Алекс Фергусон“ рече Валтерс за ББЦ Радио 5.

Тој седеше со него и му рекол дека очекува Ливерпул да ја освои титулата, тоа се неговите очекувања бидејќи смета дека Манчестер јунајтед ќе дојде до бодови во дуелот со Манчестер Сити“ додаде тој.

Во моментов лидер на табелата во Премиерлигата е Ливерпул со 85 бода, два повеќе во однос на Манчестер Сити, но и меч повеќе во однос на својот најголем ривал за титулата.

На Ливерпул му преостануваат уште дуелите со Кардиф, Хадерсфилд, Њукасл и Вулверхемптон, Манчестер Сити во завршницата има дуели со Тотенхем, Манчестер јунајтед, Барнли и Лестер.