24фудбал

Претседателот на Баерн Минхен: Би го купиле Мбапе без размислување, но...

Претседателот на минхенски Баерн даде интересен одговор правејќи паралела помеѓу политиките на тој клуб и останатите, тој не ги разбира критиките на негова адреса по скапиот трансфер на Ернандез, а додаде и дека клубот нема да се расфрла многу на лето, очекувањата се уште едно засилување.

Германија

Баерн Минхен е во подготовки за склопување на составот за идната сезона, Баварците оваа сезона се борат со Борусја Дортмунд за титулата во Бундеслигата, но, овој пат многу потешко отколку што беше во минатото, а има голема причина за тоа.

Рибери, Робен, Милер и останатите се фудбалери кои треба да се заменат со нешто помлади и квалитетни играчи, веќе се ангажирани Бенжамин Павар и Лукас Ернандез, а претседателот на тимот од Минхен, Ули Хенес не ги разбира критиките на негова адреса за потрошената сума на пари за Ернандез.

Се прашувам зошто сум критикуван што потрошив 80 милиони евра на Ернандез? Веќе неколку пати повторував, не можеме да се бориме со екипите од Англија, Шпанија, како и ПСЖ“ рече тој, а додаде дека Корентин Толисо е виртуелен новајлија во тимот, со оглед на тоа што цела сезона е повреден, а очекувањата се во Минхен до лето да пристигне уште едно засилување.

Хенес е категоричен дека клубот нема да потроши повеќе од тоа што го потроши за Ернандез, а да би можел, тоа би го сторил за Мбапе, опција која признава дека е далеку од реална за Бундеслигашот.

Сигурно тоа нема да го сториме оваа година, морам да признаам дека и 80 милиони евра пред неколку години беа голема сума на пари, речиси незамислива сума, јас да би можел, веднаш би го довел во тимот Мбапе, тој е фантастичен фудбалер, но, немаме толкави средства за да реализираме еден таков трансфер“ заклучи Хенес.