24фудбал

„Има еден клуб, гигант, машинерија...“ - таткото на Лука Јовиќ ја откри дестинацијата која ја преферира

Таткото на Лука Јовиќ, Милан во разговор со српските медиуми говореше за иднината на неговиот син, вели дека преферира напаѓачот да остане во Бундеслигата и да потпише за Баерн Минхен.

Германија

21 годишниот Србин има одлична сезона и подолго време се говори дека летоска ќе направи богат трансфер. Баерн Минхен, Барселона, Реал Мадрид и Интер се клубовите кои често се поврзуваат со ангажман на Лука Јовиќ.

Неодамна, неговиот татко откри дека ја одбиле Барселона бидејќи голгетерот нема да има доволна минутажа на Камп Ноу. Во разговор со спрските медиуми, Милан Јовиќ сега истакна дека посакува да го види неговиот син во дресот на Баерн.

„Сите клубови кои се поврзуваат со Лука се великани, но јас преферирам тој да остане во Германија“ - вели таткото на Лука Јовиќ за „АЛО“.

„Баерн... Гигант. Машинерија. На Лука му одговара стилот на игра во Бундеслигата. Сите трчаат, и бековите и фудбалерот од средниот ред, па се отвара многу простор за напаѓачите. Италијанското првенство е многу поразлично. Го осети тоа на своја кожа. Кога есеноска играше против Лацио, добиваше ќотек, ќотек... Против Интер пак целиот беше изгребан. Има многу туркање, многу лактови. Во Германија се игра за гол повеќе, затоа нема застанување 90 минути. Потребна е и дисциплина, а Лука е дисциплиниран и голем работник“.

За кариерата на талентираниот Србин се грижи агентот Фали Рамадани, кој неодамна беше на состанок со директорот на Реал, Хозе Анхел Санчез.

„Му кажав на Фали, слободно земи милиони, само Лука да игра. Каде, ќе видиме... Да се разбереме, не трчаме по пари, но зошто некој играч да има милионска плата, а Лука да игра за 300.000 евра? А тој не е ништо подобар... Тоа е една работа, а како вторo, Баерн, Реал или кадe и да отиде, ќе треба да му гарантираат минутажа“.