24фудбал

Кутињо постигна „голазо“ но сите зборуваат за начинот на кој прослави, за кого беше наменет гестот? (ВИДЕО)

Филипе Кутињо имаше одлична партија против Манчестер јунајтед која ја круниса со прекрасен гол од далечина, но Бразилецот поголемо внимание првилече со начинот на кој го прослави погодокот.

Лига на Шампиони

Репрезентативецот на „кариоките“ пристигна како големо засилување платено 160 милиони евра, но не ги оправдува очекувањата и често се говори дека по само 18 месеци ќе заврши неговата авантура на Камп Ноу.

Бразилецот вечерва против Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите имаше одлична партија која ја круниса со прекрасен гол од далечина. Филипе Кутињо прими топка на 20 метри и неодбранливо биеше во аголот за 3-0.

Сепак, поголемо внимание привлече начинот на кој тој го прослави голот. Фудбалерот се сврте кон трибините и ги покри ушите. Многумина сметаат дека ова е порака до публиката на Камп Ноу, и одговор на честите критики.

Фановите не му замерија премногу и го испратија со овации кога беше заменет во 81. минута од мечот.