24фудбал

Официјално: Ајнтрахт ја активираше опцијата и го доби Јовиќ за смешна сума

Од денеска Лука Јовиќ е фудбалер на Ајнтрахт Франкфурт, како што и се очекуваше германскиот клуб ја активираше опцијата и го откупи српскиот напаѓач.

Германија

Јовиќ во Ајнтрахт играше како позајмен фудбалер од Бенфика уште од 2017, во договорот имаше опција Германците и комплетно да го откупат.

Ајнтрахт тоа го направи, го откупи Јовиќ за околу шест милиони евра колку што е наведената сума во договорот со Бенфика и за многу мали пари доби многу вреден играч од кој се очекува летово добро да заработи. Португалскиот клуб ќе добие и 20% од следниот трансфер на Јовиќ.

„Го знам Јовиќ уште кога тој имаше 17 години и играше во Србија. Разговарав со него кога беше дел од Бенфика и дојдовме до заклучок дека му треба промена. Управата на Бенфика имаше разбирање и најдовме решение. Не знам дали ќе замине од Ајнтрахт сега, за една или за две години, но сите ќе направат профит. Не сакам да говорам за детали од договорот (Бенфика треба да добие околу 20 проценти од следниот трансфер), но ова е вин-вин ситуација за двата клуба“ - вели спортскиот директор на Ајнтрахт, Фреди Бобиќ.

Интерес за Јовиќ има од најголемите европски клубови како Реал Мадрид и Барселона. Ајнтрахт бара голема сума за него, цифри од 60 па до 100 милиони евра