24фудбал

Ајакс со брилијантна најава за мечот со Тотнем, тие имаат четворица свои таму! (ФОТО)

Тотнем во луд меч на Етихд го елиминираше Манчестер Сити и закажа полуфинале со Ајакс кој е најголемиот хит во Лигата на шампионите оваа сезона, овие два клуба ги поврзуваат четири фудбалери.

Лига на Шампиони

Ајакс во тимот на Тотнем имаат четворица свои поранешни фудбалери, па ова ќе биде дуел со посебни емоции.

Ериксен, Санчез, Вертонген и Алдервирелд се фудбалерите кои порано го носеле дресот на Ајакс.

Холандскиот клуб веднаш го најави мечот со фантастичен твит. Со слика од сите четворица играчи тие напишаа: „Време е за средба со нашите пријатели!“.

И Тоби Алдервирелд го поздрави Ајакс по мечот. Тој твитна: „Создаваме историја! Ајакс твоите момци се враќаат дома“.