24фудбал

Дојде време за „наплата“ на долговите: Пред 18 месеци Гвардиола го нарече Тотнем... (ФОТО)

Тотнем ја дочека својата шанса за одмазда, а истата беше толку слатка што прогресираше во полуфиналето од елитното европско клупско натпреварување, идната среда ќе може и да му ги уништи амбициите на Сити во битката за титулата во Премиерлигата, и тоа повторно на негов терен.

Лига на Шампиони

Амбициите на Пеп Гвардиола сезонава да освои се што би можел со Манчестер Сити се распаднаа на парчиња по синоќешната драма во реванш пресметката со Тотнем на домашен терен во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Иако загуби минимално во првиот меч, очекувањата беа Сити да ја оправда фаворитската улога против Тотнем пред своја публика, но, наместо тоа, обезбеди победа од само еден гол разлика (4-3) во еден доста драматичен финиш од средбата.

Јавноста на Островот се присети на една изјава на Гвардиола во октомври 2017. година, кога шефот на стручниот штаб на англискиот првак на еден контроверзен начин го опиша тимот на Спарс како „Хари Кејн тим“, кој заедно со Манчестер јунајтед и Ливерпул завршија во топ четири под Сити, кој со 100 бода заврши моќно ланската сезона во Премиерлигата.

Ги имаме Манчестер јунајтед, како и Хари Кејн тимот кој постигнува на секој меч по два или три погодоци, Жозе и јунајтед ќе бидат тешки противници, тоа е тимот на Жозе Мурињо, агресивен во дуелите и доста брз во контра нападите, тие веќе потврдија дека можат на овој начин, ќе биде тешко“ рече тогаш Гвардиола нарекувајќи го Тотнем, Хари Кејн тим алудирајќи на тоа дека се' зависи од напаѓачот во тој состав.

Оваа изјава на Гвардиола пред 18 месеци дојде на „наплата“ кај фановите на Тотнем кои не го заборавија неговиот опис на нивниот омилен тим, па така во првата пресметка тимот од Лондон славеше речиси без Кејн кој поради повреда беше повлечен во 58. минута, а голот беше постигнат во 78. минута, а на реванш пресметката синоќа поради повреда не ни беше во составот.