24фудбал

Каква легенда, Сисоко мислел дека Тотнем е елиминиран и сам седел во соблекувалната!

Муса Сисоко открива дека синоќа неколку минути мислел дека Тотнем е елиминиран од Лигата на шампионите, не знаел дека голот на Рахим Стерлинг е поништен.

Лига на Шампиони

Французинот беше стартер на Етихад, но поради повреда пред крајот на првиот дел го напушти теренот и продолжението од мечот го гледаше од клупата за резерви.

Тој сега открива дека бил толку многу разочаран кога Рахим Стерлинг погодил за 5-3 во 93. минута па станал и веднаш се упатил во соблекувалната. Со оглед на тоа дека таму немало никој друг, и немало пренос од натпреварот, Муса Сисоко неколку минути мислел дека Тотнем е елиминиран.

Фудбалерот се чудел кога член на персоналот дошол и му кажал дека „спарси“ се во полуфинале, па на момент заборавил на повредата и еуфорично истрчал на теренот за да слави со соиграчите.

„Бев на клупата кога Стерлинг погоди за 5-3“ – вели Сисоко за Л’Екип. „Бев толку вознемирен па директно се упатив во соблекувалната. Бев сам, никој не ме испрати, немаше телевизор на кој се емитуваше натпреварот. Во моите мисли бевме елиминирани“.

„Потоа дојде еден член од персоналот и ми рече, „Неверојатно, успеавме!“. Му кажав, „Како успавме?“ Ми објасни дека голот бил поништен. Па облеков маичка, заборавив на повредата и истрчав надвор за да им се приклучам на соиграчите и да го прославиме овој историски успех“.

„Тоа беа неверојатни моменти, доживеав емоционален шок“.