24фудбал

(ВИДЕО) Момент што не го видовте на ТВ, како ливчето што Солскјер му го даде на Рашфорд заврши во рацете на Тер Штеген

Еден интересен момент се случи на мечот меѓу Барселона и Манчестер јунајтед кој не беше забележан за време на преносот.

Лига на Шампиони

Оле Гунар Солскјер му даде ливче со насоки како да играат на Рашфорд, а тоа заврши во рацете на голманот на Барса, Тер Штеген.

По негативата од 2-0, помошникот на Солскјер, Кеиран Мекена напиша нешто на ливче и му го даде на Оле.

Норвежанецот откако го виде ливчето, му го даде на Рашфорд. Тој по еден дуел со Пике го остави ливчето на теренот, но тоа не остана долго таму, Марк Тер Штеген го зема, го прочита и го фрли.

Голманот на Барса го дозна планот на Солскјер, а ливчето потоа беше и јавно објавено, се работи за тактичка промена на формацијата од 4-3-3 на 4-4-2.