24фудбал

„Се по*бавме!“ – фанови на Бенфика отпатуваа во погрешен Франкфурт за дуелот со Ајнтрахт (ФОТО)

Неколку фанови на Бенфика се во трка со времето да го проследат мечот на својот тим против Ајнтрахт откако отпатуваа во погрешент Франкфурт.

Лига Европа

На „Комерцбанк Арена“, вечерва Ајнтрахт ја пречекува Бенфика во реваншот од четвртфиналето во Лига Европа. Група фанови на „орлите“ решија во сопствена режија да отпатуваат со автомобил за Германија и да ги бодрат своите миленици.

Но тие се во трка со времето да се појават на трибините откако отпатуваа во погрешен Франкфурт.

Тие отпатувале во Франкфурт на Одра, град кој се наоѓа на германско-полската граница. Натпреварот се игра во Франкфурт на Мајна кој е 600-тини километри поназад и во централниот дел на Германија.

За својата авантура, Алваро Оливеира објавуваше постови на социјалните мрежи (имаше фотка и од Париз на пат кон Германија) и кога се пофали дека конечно стигнал во Франкфурт, еден од следбениците му кажа дека се наоѓа во погрешен град, а тој одговори: „Се по*бавме“.

Откако во коментари му пишаа дури и од Ајнтрахт Франкфурт, тој се пошегува на сопствена сметка: „Станавме познати... поради тоа што сме глупави“.