24фудбал

Лудница во Франкфурт, никој не си оди дома и 20 минути по крајот на мечот, се слави првото полуфинале по 39 години! (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт ќе ира полуфинале во Лига Европа за прв пат по 1980, па имаше големо славје на „Комерцбанк Арена“, фановите останаа на трибина а играчите на терен 20 минути по последниот свиреж.

Лига Европа

Ајнтрахт вечерва на домашен терен ја надополни негативата од првиот меч, славеше со 2-0 над Бенфика и се пласираше помеѓу четирите најдобри во Лига Европа. Ова ќе им биде прво полуфинале по 39 години па имаше големо славје на „Комерцбанк Арена“.

Најверните навивачи се обидоа да влезат на теренот, но некако запреа кај рекламното пано кое попушти под притисокот. Потоа им пријдоа играчите, и сите заедно продолжија да се радуваат. Дури откако поминаа 20 минути по последниот свиреж, фудбалерите тргнаа накај соблекувална.