24фудбал

Челси направи нешто кое не му успеало на ниту еден друг англиски тим во Европа

Челси синоќа уште еднаш ја победи Славија Прага и се пласираше во полуфиналето на Лига Европа, „сините“ срушија и еден рекорд кога се во прашање англиските екипи.

Лига Европа

Челси ја забележа 11 победа во Лига Европа оваа сезона, има само едно реми во групната фаза, во останатите натпревари триумфираше. А со ваквиот скор направи нешто кое не му успеало на друга англиски клуб.

„Челси е првиот англиски тим кој победил на 11 мечеви во едно големо европско натпреварување во една сезона“.