24фудбал

Претставници на Интер денеска одат во Истанбул на преговори за Елмас

Речиси секојдневни се шпекулациите кои го поврзуваат Елиф Елмас со заминување од Фенербахче, а како се ближи летниот преоден рок заинтересираните клубови мора да превземаат и конкретни чекор.

Македонија

Според италијанските и турските медиуми, еден таков конкретен чекор денеска ќе направи Интер.

Најавите се дека претставници на италијанскиот клуб ќе се сретнат со челниците на Фенербахче за евентуален трансфер на Елиф Елмас.

Понудата која ќе ја достави Интер се очекува да биде помеѓу 15 и 20 милиони евра.

Конкуренцијата за македонскиот репрезентативец е голема, во Италија порај Интер има интерес и од Лацио и Фиорентина. Во Англија се пишуваше за интерес од Тотнем, Ливерпул, Лестер... Од шпанските клубови последен се поврзува Атлетико Мадрид.

Фенербахче е во долгови и доколку на нивна адреса пристигне добра понуда тие нема да можат да ја одбијат. Елмас го гледаат како решение за дел од финансиските проблеми.