24фудбал

Тер Штеген со поддршка за Де Хеа: Тешко ми беше да го прославам голот на Меси, по мечот му реков...

Германскиот голман од редовите на Каталонците не крие дека по мечот му упатил поддршка до својот колега од спротивниот табор, признава дека му било потребно време за да почне со прослава на голот на Аргентинецот.

Лига на Шампиони

Барселона прогресираше во полуфиналето од Лигата на шампионите каде ќе ги одмери силите со Ливерпул, а Каталонците речиси „без испукан куршум“ славеа во двете пресметки против Манчестер јунајтед кој немаше сили за ново чудо по сензацијата против ПСЖ.

На реванш пресметката на Камп Ноу, Де Хеа имаше голем кикс по еден од двата погодоци на Меси, а Тер Штеген на спротивната страна се солидализираше со својот колега од спротивниот табор и признава дека му било тешко да го прослави голот на својот соиграч.

Ми требаше време за да го прославам голот бидејќи истиот беше постигнат по грешка на Де Хеа, тоа ме повреди“ рече Германецот.

Ние сите сме луѓе, ова може да му се случи на секому, тој игра на иста позиција како и мојата, животот продолжува понатаму и по мечот му реков дека тоа не е ништо, само човечка грешка, може да ми се случи и мене“ додаде чуварот на мрежата од голот на Каталонците.