24фудбал

Сари жали за Наполи: Со задоволство би избегнал директна пресметка на Сан Паоло поради илјада причини

Италијанскиот фудбалски стратег имаше убави моменти на Сан Паоло, вели дека жали за елиминацијата на Наполи а додава дека има илјада причини зошто не може да се судри со нив на нивната фудбалска арена.

Лига Европа

Челси синоќа ја доби и втората пресметка против Славија Прага во четвртфиналето од Лига Европа, а со тоа обезбеди место во топ четирите екипи во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Многумина велат дека Челси веќе се ослободи од добро познатата стратегија на Маурицио Сари, односно играта „Сари бол“, па така синоќа постигнаа 4 погодоци, наспроти трите на гостите, а сумирано со минималната победа во Прага, Премиерлигашот го визираше местото во полуфиналето, но, Чесите добро го испотија фаворитот.

Ова беше мојот 22 натпревар во Лига Европа и досега победив на 18 од истите, се уште не ме сметаат за тренер кој е навикнат на европските натпреварувања“ рече Сари по мечот а притоа се надоврза и на елиминацијата на Наполи од Арсенал.

Навистина ми е жал за Наполи, знам дека беше тешко за нив сево ова, Арсенал не е лесен противник, секако дека со задоволство би избегнал директна пресметка со Наполи на Сан Паоло поради илјада причини, но, би било преубаво да имавме директен меч на неутрален терен по едно големо достигнување“ рече Италијанецот за неговиот поранешен тим.

Полуфиналните двојки за Лига Европа се Арсенал - Валенсија, односно Ајнтрахт Франкфурт - Челси.