24фудбал

(ВИДЕО) Гестот на нервозниот Роналдо по елиминацијата од Ајакс кој не го уловија ТВ камерите, што покажуваше ЦР7?

Аматерска снимка од трибините го покажува Кристијано Роналдо како прави гест кон клупата на Јувентус по последниот свиреж на судијата против Ајакс, фановите сметаат дека ЦР7 на соиграчите им кажувал дека не одиграле доволно храбро.

Лига на Шампиони

Три дена по елиминацијата на Јувентус од Лигата на шампионите, Кристијано Роналдо се уште се нема огласено, но на сите им е јасно дека големиот шампион тешко го поднесе поразот.

На социјалните мрежи попладнево е актуелно еден момент кој ТВ камерите не го уловија. По последниот свиреж на судијата, на патот кон соблекувалната, фан од трибините го сними нервозниот Кристијано Роналдо како прави гестови кон клупата за резерви и им објаснува нешто.

Фановите имаат различни теории каква била пораката на Португалецот, сметаат дека тој им покажувал на своите соиграчи дека биле премногу исплашени или дека не одиграле доволно храбро.