24фудбал

Фабрегас влезе во „војна“ со легенда на Тотнем на Твитер, фановите на Арсенал и Челси воодушевени (ФОТО)

Сеск Фабрегас им ги наполни срцата на навивачите на Арсенал и Челси откако ја уништи легендата на Тотнем на Твитер и порача дека „Спарси“ оваа сезона нема ништо да освојат.

Англија

Тотнем по пауза од 57 години се најде помеѓу четирите најдобри тимови во најелитното европско натпреварување откако ВАР ги спаси во последните мигови на гостувањето кај Манчестер Сити  во средата.

Па Сеск Фабрегас вечерва на Твитер праша: „Искрено прашaње... Како фан, што преферирате, да влезете во финале на Лигата на шампиони и да бидете вицешампиони или пак да ја освоите Лига Европа? Само сум љубипитен“.

Брзо му одговори Грахам Робертс, кој беше капитен на Тотнем кога „спарси“ во 1984 стигнаа до триумф во УЕФА Купот.

„Не добиваш многу минутажа сега а Сеск?“

Шпанецот не остана покус и му порача: „Не знам кој си и не знам дали добивам доволно минутажа, но знам дека нема да освоите ништо оваа сезона“.

Сеск Фабрегас во својата кариера играше за Арсенал и Челси, двата големи ривали на Тотнем од Лондон, па им ги наполни срцата на навивачите на овие два клуба.

„Топчиите“ и „Сините“ се во полуфинале од Лига Европа и имаат реални шанси да се борат за трофејот од најмасовното европско натпреварување.