24фудбал

Сопругата на Икарди, Ванда Нара повторно се расплаче: Не сум вештерка

Сопругата на Мауро Икарди, Ванда Нара повторно се расплаче во емисија, емоциите ја понесоа кога одговараше на прашање за нападите и критиките од нејзината золва Ивана.

Италија

Ванда Нара во последните неколку месеци е во фокусот откако Мауро Икарди остана без капитенската лента и многумина ја обвинија дека таа е виновна за ова.

Кога прв пат говореше за потегот на Интер во емисија, таа се расплаче и се правдаше дека не е виновна. Емоциите ја понесоа и сега, кога одгвораше на прашања за критиките и лошите коментари од нејзината золва Ивана.

Сестрата на Икарди не се штедеше со нападите кон Ванда Нара додека траеше војната на играчот со Интер, и во една прилика дури изјави: „Ниту на најголемиот непријател не би му посакала жена како Ванда“.

Атрактивната блондинка со солзи во очите сега порача: „Не сум вештерка. Секогаш сме помагале на семејството. Ивана дојде на гости пред неколку месеци и ние ги отворивме нашите врати, за неа и нејзиното момче, кој исто така е фудбалер. Ивана не е искрена. Мауро е голем човек, тој не само што му помага на семејството, помага и на луѓе кои не ги познава. Кога неговата сестра се запиша на факултет, тој и подари автомобил за да и помогне. Таа зборува лоши работи за нејзиниот брат, и не можете да ставите цена на ова“.

Ванда Нара исто така говореше и за иднината на Мауро Икарди и најави дека напаѓачот и следната сезона ќе биде дел од Интер.

„Ќе биде тука следната сезона. Тој сега е многу посмирен и позрел. Продолжува да ги прегрнува сите бидеќи секогаш имал добар однос со сите. Продолжува да дава голови зошто е важен дел од семејството наречено Интер“.